Македонските ракометари повторно поразени од Романија!

2298

Македонската ракометна репрезентација ЕХФ неделата ја завршува со два порази од Романија, која денеска беше подобра со 28-24 (15-10). Нашиот тим не водеше на овој натпревар, за разлика од вчера кога беше подобар во првото полувреме. Домаќинот го имаше расположениот голман, Василе, кој фати се што можеше. Кај нас Томовски и Кизиќ имаа по пет интервенции, една запиша Галевски.

Овие две пријателски средби се дел од подготовките за бараж мечот за место на СП 2025 година против Фарски Острови. Кирил Лазаров во Браила замина без Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриноски, сите поради повреда го пресконаа овој собир. На голот го немаше Никола Митревски, со тимот отпатува Галевски.

Домаќинот отвори со 3-0 и со три одбрани на својот голман Василе, кој беше одличен на својата мрежа. Нашата репрезентација првиот гол го постигна во шестата минута преку Серафимов. Две минути исклучување,беа доволни за два нови гола на Романците во нашата мрежа за 5-1. Томовски ја запиша првата одбрана при 6-3, но Македонија не се снајде добро, од четири напади  за да се доближи серизно искористи само еден. Кузманоски по новата одбрана на Томовски, на средината на првото полувреме погоди за 6-4. Романија врати со два гола во низа за 8-4.

Конечно и противникот влезе во серија на грешки, Македонија успеа да казни. Стоилевски, Пешевски и Петар Атанасијевиќ ја стопија негативата на еден гол (8-7) пред почетокот на 20 минута. Романија успеа набрзина да зголеми на највисоки плус шест 13-7 во 24 минута, не помогна ниту тајм-аутот на Лазаров. Томовски повторно го подигна тимот, Македонија постигна два гола 13-9, не ја искористи максимално предноста од играч повеќе на теренот. На одморот резултатот беше 15-10.

Македонија по само три и пол минути игра и при 16-11, во второто полувреме остана без Цветан Кузманоски, кој го погоди противничкиот голман во глава додека изведуваше седмерец. Избраниците на Лазаров на момент успеаја да ја стопат негативата од пет гола, Серафимов и Атанасијевиќ реализираа за 18-15. Сепак нешто подоцна, Романија повторно зголеми на 21-16 и остана со двајца играчи помалку на теренот.

Одбраната не беше на задивно ниво, токму затоа противникот ја одржуваше предноста која во 43, минута изнесуваше 23-17. Краток, блесок на Македонија (Кизиќ запиша неколку важни одбрани, исто и Галевски), во 50. минута намали на 24-20, а по новите 25-21, Џонов имаше шанса да намали на три гола негатива, но Василе одбрани.

Романија конечно врза две грешки во низа, а Македонија не се откажа. Едната ја казни Петар Атанасијевиќ и намали на 27-24 во 58. минута, а откако во следниот напад Лазаров повика тајм-аут, наместо гол, ракометарите ја загубија топката, Романија двапати погоди на празна мрежа за 28-24 и ја потври победата.

ПретходноИнграм и Вилијамс го поведоа Гостивар до втора победа по ред
СледноШифрин незадржлива, победи и на слаломот во Залбах