Младинците поразени од Хрватска на втората контрола

178

Младинската ракометна репрезентација на Македонија и вторпат загуби од Хрватска. На пријателскиот двомеч во рамките на ЕХФ неделата, избраниците на Раде Стојановиќ го претрпеа и вториот пораз од Хрватска.

Денеска се одигра вториот меч од затворен карактер кој гостите го добија со 34:28. Во првиот меч одигран вчера нашите ракометари одиграа нерешено 28:28.

Денеска на вториот меч Узунчев повторно имаше двоцифрен број на погодоци (11), а Михајловиќ постигна 8.

Пред настапот на Европското првенство во Словенија, младинците ќе имаат уште две контроли со Чешка.

ПретходноСтрумица ќе биде домаќин на одбојкарите за средбите од Златната Лига 2024
СледноЈунајтед плаќа 10.000.000 фунти доколку не влезе во Лигата на шампионите