Покрај супер – дербито на Маџари меѓу Вардар и Шкендија, кое заврши 1:1, попладнево се одиграа уште четири средби од 24.коло во ПМФЛ.
Во Штип домашната Брегалница не успеа да го победи Гостивар, овој меч заврши без голови. Гостиварци и натаму, од септември па наваму не знаат што е пораз.
Силекс со 2:1 на свој терен успеа да ја победи Брера, Каланоски и Игњатов стрелаа за кратовци, додека Ивковиќ за гостите.
Со голот од пенал на Крсте Велкоски, Македонија ЃП конечно победи и тоа против Тиквеш.
И во Охрид, Воска предводена од Срѓан Захариевски и натаму ги изненадува фаворитите, денеска одигра 0:0 против Шкупи.
Утре играат Работнички и Струга ТЛ.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 24.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 0:0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1:0
(Велкоски (п) 36./)
СИЛЕКС – БРЕРА 2:1
(Каланоски 52., Игњатов 78./Ивковиќ 68.)
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1:1
(Лемос 18./Аганаспахиќ 79.)
ВОСКА – ШКУПИ 0:0
УТРЕ
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 48 (-1), Шкупи 48, Шкендија 45, Силекс 35, Тиквеш 32, Гостивар 32, Брера 27, Работнички 27 (-1), Воска 27, Вардар 26, Брегалница 22, Македонија ЃП 21
ГОЛОВИ… ГОЛОВИ… ГОЛОВИ…
СИЛЕКС – БРЕРА 2:1