Полувреме: 1:0 на дербито, Вардар одличен а Шкендија бледа, гол уште и во Ѓорче! (ВИДЕО)

398

Завршија првите полувремиња од петте денешни средби во рамките на 24.коло во ПМФЛ. Вардар одличен, ја надигра Шкендија и води со 1:0 со голот на Лемос во 18.минута. Момците на стратегот Горазд Михаилов имаа уште три шанси, и тоа на Дурански, Лемос и Омерагиќ, додека гостите имаа само една закана.

Спектакл на Маџари, “Комитите“ се во елемент. Да потсетиме, Вардар нема победа над Шкендија цели 6,5 години.

На останатите четири средби гол има само во Ѓорче, каде со голот од пенал на Велкоски домашната Македонија ЃП има водство против Тиквеш. На средбите Воска – Шкупи, Силекс – Брера и Брегалница – Гостивар нема голови.

ПретходноФА Куп сензација: Ковентри го елиминираше Вулфс со голови во 97. и 100. минута!
СледноВилијамсон во петта брзина: Побрз од сирената, го претрча теренот за 3,5 секунди (ВИДЕО)