Екипата на Работнички го запиша 10 триумф во низа, вкупно 16-ти во Првата лига, откако на домашен терен славеше против Кожув со 92-73. Со новите бодови најтрофејниот кошаркарски колектив остана на лидерското место на табелата.
Избраниците на Горан Самарџиев одлично го отворија мечот. Во првата четвртина беа подобри со 21-8. По 8-8 и поените на Пен речиси на средината на овој период, домашните кошаркари постигнаа 13 поени во низа за двоцифрено водство.
Гевгеличани во втората четвртина ја подигнаа играта, но на одморот заминаа со негатива од 43-26.
Третата четвртина ја доби Кожув со 30-25 но на полувреме Работнички имаше +12 (68-56). Се влезе во последниот период во кој кошаркарите на Работнички повторно воспоставија игра и не му дозволија на противникот да се врати. Поведоа со 12-6, имаа и 14-8 па беше јасно дека бодовите ќе останат во Скопје само прашањето беше со колкава разлика ќе биде победата. На крајот 92-73 за Работнички.
Најефикасен во редовите на Работнички беше Џелетовиќ со 19 поени, следуваат Рикиќ со 17 поени, Трис со 16…
Кај Кожув најефикасни беа Пен со 22 поени и Вујадиновиќ со 17.