Ракометарите денеска имаат шанса за реванш, Про Арена ќе врши директен пренос

4076

Македонската машка сениорска репрезентација денеска го игра реванш мечот против Романија во рамките на ЕХФ неделата. Првата пријателска средба им припадна на домашните кошаркари, во Браил, благодарение на подобрата игра во второто полувреме славеа со 32-27 (15-16).

Кирил Лазаров на овие две средби кои се подготовка за бараж мечот со Фарски Острови во мај за пласман на СП не смета на комплетниот стандарден состав. Пред заминувањето најави дека шанса ќе добијат оние кои имаат мала минутажа на официјалните мечеви.

За разлика од првата средба, втората во Браила ќе се игра пред публика. Мечот е закажан во  17:30 часот, директен пренос ќе врши ТВ Про Арена.

ПретходноИмобиле бил нападнат пред училиштето на неговиот син
СледноЛина Ѓорческа ќе игра финалето во Ларнака