Струмица ќе биде домаќин на одбојкарите за средбите од Златната Лига 2024

151

Спортската сала „Парк“ во Струмица ќе биде местото каде ќе се играат натпреварите од првиот турнир во годинешното издание на „ЦЕВ Златната Лига“ чиј домаќин е Македонија. Одбојкарската федерација потврди дека струмичани годинава ќе бидат домаќини на нашата најдобра репрезентација на првите два меча од новиот формат на лигата.

Македонија настапот во Златната лига го почнува на 17 мај на натпревар против силната Естонија. Мечот е веќе закажан со почеток од 20.15 часот.

Ден подоцна на 18 мај во Струмица ќе се сретнат Чешка и Естонија (20.15 ч.), а во истиот термин на 19 мај, нашите одбојкари ќе имаат уште една силна пресметка против селекцијата на Чешка, која беше наш противник и на минатогодишното Европско првенство во Скопје.

Првиот собир на нашата репрезентација ќе биде на 2 мај, најверојатно во Струмица.

ПретходноУникс К. реди победи, Нено со уште една одлична партија
СледноМладинците поразени од Хрватска на втората контрола