Тешко дерби, а слаб судија – Одлета „пилето“ на Димитар!

11612

Димитар Пилешков не е судија за вакви тешки и напнати дерби дуели каков што е пресметката на Вардар со Шкендија.
На штета на фудбалот, атмосферата… судеше штипскиот арбитар кој можеше да направи тотален хаос поради неговата некоординираност и незнаење во последните секунди кога помошникот Марковски две минути стоеше со кренато знаменце за офсајд на Шкендија, а дури по многу игра гостите направија две зрели шанси, погодија статива… но за среќа на Пилешков мрежата не беше погодена затоа што ќе мораше да го прифати офсајдот, а не голот.

Срамота е ваква слика да се гледа на стадионите, а ни се смее и регионот кој гледа дерби во Македонија преку ТВ екраните.

Во текот на целиот меч некоординираност со помошниците, првиот „непостоечки“ жолт картон на Азер Омерагиќ кој како да беше таргетиран за картони на денешната средба па покасно доби и црвен картон по „пресметката“ со Малиќи.

Генерално конечните 1:1 се добри за ривалите на „црвено-црните“ затоа што и едните и другите останааа, а беа блиску до уште по два бода. Вардар со „тројка“ ќе беше блиску до опстанок, а Шкендија ќе се вртеше и ќе беше поблиску во битката за врвот.
Но, судиската организација треба добро да анализира и пресмета кои арбитри можат да судат вакви дуели. Впрочем имаме тројца ФИФА судии…

Правило е најдобрите да ги судат најтешките натпревари. Кај нас тоа одамна не е така, кај нас одредени судии како Димитар Пилешков „добро“ си ја завршуваат работата но на штета на судењето и фудбалот.

ПретходноАраухо категоричен: Не можам да замислам да играм за друг клуб освен Барса
СледноРаботнички не застанува, Кожув на „менито“