Уникс К. реди победи, Нено со уште една одлична партија

103

Уште една одлична партија на нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во дресот на Уникс Казан. Денеска во натпреварот од 31. коло во ВТБ лигата против Енисеј, гостите од Казан славеа со 69:93, а Димитријевиќ со 14 поени му помогна на својот тим да дојде до новата победа со која го задржа првото место на табелата.

Нашиот репрезентативец помина 29 минути на паркетот реализирајќи 5/7 за два и 1/3 за три поени. Покрај тоа, Димитријевиќ имаше и 4 скока и дури 6 асистенции.

ПретходноВо Саудиска Арабија не застануваат: На лето подготвуваат уште еден спектакуларен трансфер
СледноСтрумица ќе биде домаќин на одбојкарите за средбите од Златната Лига 2024