Јокиќ му држеше час по кошарка на Французинот (ВИДЕО)

3062

Виктор Вембањама го блокираше првиот шут на Никола Јокиќ на натпреварот помеѓу Сан Антонио и Денвер. За многумина ова беше судир на најдобриот центар на денешницата и дебитантот на кого му предвидуваат блескава кариера. Следуваше само доминација на српскиот центар во 11-та победа на Денвер во 12 натпревари, мечот заврши со резултат 117:106.

Доминантниот НБА центар одигра 30 минути против иднината на најсилната кошаркарска лига во светот, а во последната четвртина не ни стапна на паркетот. Средбата заврши со 31 поен, седум скока, пет асистенции и две блокади. Погоди 13/19 од поле. Џамал ​​Мареј при славјето на Нагетс додаде 15 поени, 10 скока и осум асистенции.

На другата странам Вембањама постигна 17, заедно со девет скока и три блокади. Тој погоди само четири од 12 обиди за гол од поле.

Резултати:

Шарлот – Феникс 96:107
Детроит – Мајами 95:108
Торонто – Орландо 103:113
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 112:104
Сан Антонио – Денвер 106:117
Јута – Атланта 124:122

ПретходноСосиедад ја продолжи серија без пораз во дуелите со Кадиз
СледноНикогаш уморен: Кристијано Роналдо му донесе победа на Ал-Наср!