66. “црвено – црно“ дерби: Храбриот Вардар ја надигра Шкендија, но не успеа да ја победи… (ВИДЕО)

1640

Вардар и по 6,5 години не знае за победа над Шкендија, а денеска беше многу блиску да дојде до неа. Попладнево во Маџари, во пеколна атмосфера Вардар ја надигра Шкендија, имаше и водство од 1:0 со голот на Лемос, имаше три зицери за сигурна победа, но тетовци се спасија од пораз со голот на Аганспахиќ во 79.минута за 1:1. Вардар може и треба да жали. Шкендија беше во нокдаун, требаше само малку за да биде во нокаут, но ете, на крајот големото дерби заврши без победник.

Мечот започна со иницијатива на Вардар, и со закана на Дурански, но Талески брани. Следуваше заканата на Красничи на другата страна,но сега Гачевски одлично одбрани. Вардар продолжи со добрата игра во поле, а Лемос имаше зицер, сепак немаше гол. Но затоа во 18.минута по центаршутот на Глишиќ, токму Лемос со фантастичен гол со глава успеа да му донесе водство на Вардар од 1:0 за еуфорија на Маџари.

Со тој резултат се замина на пауза.

Само што започна второто полувреме, гостите имаа зицер преку Шаља, но не успеа да дојде до израмнување.

Во 52.минута Омерагиќ можеше да го удвои водство на Вардар, сепак и сега немаше гол. А по тоа дојде до инцидент и кошкање меѓу играчите на двете екипи, имено Омерагиќ заврши во оградата, па тоа беше поводот за овој инцидент. Интересно, судијата Пилешков им даде жолти картони на Омерагиќ и Мелиќи, и за двајцата тоа беа втори и исклучувачки и двајцата мораа предвреме на “ладење“.

Штета, до овие моменти беше крајно фер и коректно. И Вардар и Шкендија продолжија со по играч помалку.

Во продолжениети гостите се обидуваа да се наметнат, да дојдат до шанса за израмнување, но Вардар умешно се бранеше.

На другата страна Сусо имаше колосална шанса, го совлада Талески, но Цаке спаси исфрлувајќи ја топката од гол линијата, само воздишки за вардарци. Малку недостигаше да биде 2:0 за Вардар.

Во 79.минута повторно Талески спасува.

И затоа казната стигна дојде следната минута, со голот на Аганаспахиќ стрела за 1:1.

Во 110.минута Шкендија имаше супер шанса, сепак поради офсајд тука немаше ништо.

На крајот 1:1 на ова дерби.

ПретходноЛиверпул го „краде“ директорот на Бенфика
СледноПМФЛ: Реми во Штип, Васоски почна да реди победи, Воска знае како, “лавовите“ конечно победија! (ВИДЕО)