Foto> Twitter/OfficialSSLazio
Маурицио Сари поднесе оставка, па екипата на Лацио ја предводеше Мартускело кој вечерва обезбеди победа со 3:2 на гости кај Фросиноне. За Лацио ова беше многу важен натпревар по трите порази по ред во Серија А и елиминацијата од ЛШ, а и покрај многуте проблеми, сепак, четата од Рим стигна до победата.
Фросиноне поведе со гол на Лирола во 13 минута, а изедначи Закањи во 38 минута. Од 57 до 62 минута Кастељанос со два гола донесе пресврт за Лацио од 1:3, па во 70 минута Чедира намали.
До крајот резултатот не се смени па Лацио ги впиша бодовите. На табелата Лацио е на 9-тото место со 43 бода. Фросиноне е на 18-место со 24 бода.