ПМФЛ: Реми во Штип, Васоски почна да реди победи, Воска знае како, “лавовите“ конечно победија! (ВИДЕО)

2000

Покрај супер – дербито на Маџари меѓу Вардар и Шкендија, кое заврши 1:1, попладнево се одиграа уште четири средби од 24.коло во ПМФЛ.

Во Штип домашната Брегалница не успеа да го победи Гостивар, овој меч заврши без голови. Гостиварци и натаму, од септември па наваму не знаат што е пораз.

Силекс со 2:1 на свој терен успеа да ја победи Брера, Каланоски и Игњатов стрелаа за кратовци, додека Ивковиќ за гостите.

Со голот од пенал на Крсте Велкоски, Македонија ЃП конечно победи и тоа против Тиквеш.

И во Охрид, Воска предводена од Срѓан Захариевски и натаму ги изненадува фаворитите, денеска одигра 0:0 против Шкупи.

Утре играат Работнички и Струга ТЛ.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 24.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 0:0

МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1:0

(Велкоски (п) 36./)

СИЛЕКС – БРЕРА 2:1

(Каланоски 52., Игњатов 78./Ивковиќ 68.)

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1:1

(Лемос 18./Аганаспахиќ 79.)

ВОСКА – ШКУПИ 0:0

УТРЕ

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 48 (-1), Шкупи 48, Шкендија 45, Силекс 35, Тиквеш 32, Гостивар 32, Брера 27, Работнички 27 (-1), Воска 27, Вардар 26, Брегалница 22, Македонија ЃП 21

ГОЛОВИ… ГОЛОВИ… ГОЛОВИ…

СИЛЕКС – БРЕРА 2:1

 

Претходно66. “црвено – црно“ дерби: Храбриот Вардар ја надигра Шкендија, но не успеа да ја победи… (ВИДЕО)
СледноДаци отпадна од комбинација за контролите во Анталија