ПМФЛ: Ќе биде „жешко“ во Штип, забревтаниот Тиквеш гостува во Ѓорче, Силекс ја дочекува Брера, Воска му се остри на Шкупи!

610

Денеска од 15 часот на програмата се пет средби од 24.коло во ПМФЛ. Утре се игра дуелот на Арената во Скопје меѓу Работнички и Струга ТЛ.

Јасно е дека дербито е на Маџари каде Вардар ја дочекува Шкендија. Но супер интересно ќе биде и во Штип.Имено Брегалница како знае и умее мора да го победи непобедливиот Гостивар кој точно шест месеци нема пораз. Ова е последната шанса за “сините“со победа да ги задржат шансите во битката за опстанок.

Забревтаниот Тиквеш гостува во Ѓорче кај “лавовите“ кои и со новиот тренер имаат само порази. Тиквеш предводен од стратегот Ѓорѓи Мојсов знае како, може и сака да дојде до нови три бода.

Силекс дома ја дочекува Брера. Александар Васоски посакува одмазда против својот некогашен клуб од Струмица. Имено токму Брера му го расипа неговото деби како тренер на кратовци на првиот меч оваа пролет кога беше 0:1.

И во Охрид, тимот на Воска која со новиот тренер Захариевски на последните четири средби има една победа и три ремија, нема пораз, го дочекува Шкупи. Ова ќе биде интересен дуел, тука секој резултат е во игра.

ДВОЈКИ ЗА 24.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Силекс – Брера

Македонија ЃП – Тиквеш

Брегалница – Гостивар

Вардар – Шкендија

Воска – Шкупи

НЕДЕЛА, 15 Ч

Работнички – Струга ТЛ

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 48, Шкупи 47, Шкендија 44, Тиквеш 32, Силекс 32, Гостивар 31, Брера 27, Работнички 27, Воска 26, Вардар 25, Брегалница 21, Македонија ЃП 18 бодови

ПретходноЗа Јокиќ не постојат граници, постигна кош со глава (ВИДЕО)
СледноЈакимовски и Вашингтон елиминирани во полуфиналето