Завршија првите полувремиња од петте денешни средби во рамките на 24.коло во ПМФЛ. Вардар одличен, ја надигра Шкендија и води со 1:0 со голот на Лемос во 18.минута. Момците на стратегот Горазд Михаилов имаа уште три шанси, и тоа на Дурански, Лемос и Омерагиќ, додека гостите имаа само една закана.
Спектакл на Маџари, “Комитите“ се во елемент. Да потсетиме, Вардар нема победа над Шкендија цели 6,5 години.
На останатите четири средби гол има само во Ѓорче, каде со голот од пенал на Велкоски домашната Македонија ЃП има водство против Тиквеш. На средбите Воска – Шкупи, Силекс – Брера и Брегалница – Гостивар нема голови.