Реал со триумф во Памплона, а Анчелоти одбележа рекорд во Ла Лига

223

Реал Мадрид славеше победа со 4:2 на гостувањето кај Осасуна и стигна со 22. триумф сезонава во Ла Лига и 72 бода. Два гола на мечот постигна Винисиус јуниор, а доби и жолт картон кој му беше петти сезонава и поради тоа ќе паузира речиси еден месец.
Тој нема да игра против Атлетик Билбао (31 март), претходно е паузата поради репрезентациите, па ќе заигра за Реал на 9 април кога „кралевите“ ќе го играат првиот меч со Сити во ЛШ.
Другите два гола ги постигнаа Карвахал и Брахим Диаз.

Инаку оваа победа е 200. за Карло Анчелоти на клупата на Реал во 277 меча. Тој е единствениот кој најбрзо стигнал до толку победи во Ла Лига. Зад него е Мигуел Муњоз (во 289 натпревари како тренер на Реал), потоа Диего Симеоне (321 меч како тренер на Атлетико), Јохан Кројф (330 меча како тренер на Барселона)…

ПретходноШифрин незадржлива, победи и на слаломот во Залбах
СледноАраухо категоричен: Не можам да замислам да играм за друг клуб освен Барса