Во прекрасен натпревар се случи големо изненадување во четвртфиналето на англискиот ФА Куп, откако Ковентри стана првиот полуфиналист.
Осмопласираниот тим од Чемпионшип го совлада Вулверхемптон со 3-2 на гостински терен на неверојатен начин, постигнувајќи голови за пресврт во седмата и десеттата минута од судиското надополнување.
Тешко е навистина да се опише се што се случи во Вулверхемптон денес, а потценувањето кое очигледно го направија „Волците“ за својот ривал ги умишти.
Гостите одиграа одлично во текот на целиот меч и поведоа во 53. минута. Одржуваа предност се до 83. минута кога домашните израмнија, а во 88. „волците“ веќе и поведоа со 2:1.
Во тој момент веројатно сите навивачи на домашните почнаа да размислуваат за големото полуфинале во Лондон, но не и гостите. Се играше 97. минута, кога Ковентри нападна и Симс со глава ја затресе мрежата за 2:2. Во точно 100. минута гостите најдоа сили и за победа. Симс овојпат беше асистент, а стрелец беше Рајт.