Шифрин незадржлива, победи и на слаломот во Залбах

208

Американската скијачка Микаела Шифрин е победничка на слаломската трка што се одржа во Залбах во рамките на Светскиот куп. Таа беше најдобра по двете возења, а до целта стигна за вкупно време од 1:53,22 минути.

На второто место заврши Мина Холтман од Норвешка со 54 стотинки заостанување, додека третото место и припадна на Ана Свен Ларсон од Шведска, која заостануваше 63 стотинки зад победничката.

Шифрин на најдобар можен начин ја заврши сезоната. Ова беше нејзина 97-ма победа во Светскиот куп, деветта сезонава и јубилејна 60-та во слалом, со што само го зголеми сопствениот рекорд.

ПретходноМакедонските ракометари повторно поразени од Романија!
СледноРеал со триумф во Памплона, а Анчелоти одбележа рекорд во Ла Лига