Баерн Минхен вчера победи со убедливи 5-2 на гостувањето кај Дармштад, но баварскиот гигант се жртвуваше при успехот. Клубот денеска потврди дека Хари Кејн, Александар Павловиќ и Рафаел Гереиро се повредени.
Баварците официјално објавија дека капитенот на Англија заработил повреда на левиот зглоб. Сепак, голгетерот ќе отпатува за Англија, каде ќе добие третман од репрезентативните лекари во тесна консултација со медицинскиот оддел на Баерн.
Сепак, останува под знак прашалник за пријателските на „трите лава“ со Бразил и Белгија.
ℹ️ Sprunggelenksverletzung bei Kane, Muskelfaserriss bei Guerreiro. Entwarnung bei Pavlović.
🗞️ Zur Meldung: https://t.co/z2jmDWzNm5
Gute und schnelle Genesung, Jungs! 🙏#FCBayern #MiaSanMia pic.twitter.com/q9sz72EGYx
— FC Bayern München (@FCBayern) March 17, 2024