Барди за хаосот: Ако прославуваш на тој начин…

1951

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди и неговиот Трабзонспор не успеаја да освојат барем бод на дерби дуелот со Фенербахче. Барди постигна гол за паметење, од слободен удар ја затресе мрежата на противникот. Иако неговиот тим израмни на 2-2, сепак на крајот прими гол и остана со празни раце.

При крајот на самиот меч настана хаос, голем број на домашни навивачи влетаа на теренот и почнаа да ги бркаат гостинските играчи. Оваа ситуација ја коментираше македонскиот репрезентативец.

„Сакам да зборуваме за фудбалот бидејќи ние сме фудбалери, тоа е наша работа. Се разбира, никој не треба да ги прави овие провокации. Сцената што се случи денеска е глетка што ја гледам за прв пат во мојот живот. Никој не треба да провоцира на начинот кој го сторија фудбалерите на Фенербахче. Тие провоцираа со прославата, по што навивачите влетаа.

Третиот гол на Фенербахче беше постигнат по чист прекршок на гостите, не разбирам зошто не беше досуден. Горд сум што сум дел од овој тим и од овие луѓе. Севкупно гледано, ова бепе одличен фудбалски натпревар, штета е што се случи сиот хаос на крајот“, изјави Барди.

ПретходноНагелсман со одлука која ќе го разгневи Ноер!
СледноОхрид со цел плен од Скопје, Феникс остана со празни раце!