Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов полека но сигурно се враќа во својата препознатлива форма. Повредата на коленото е минато, тој веќе има полна минутажа за својот тим Пјаст Гливице, а денеска успеа да запише и ектра асистенција во поразот 1-3 од тимот на Легиа Варшава на гости.
Костадинов додели одлична долга топа од повеќе од педесет метри и го послужи што се вели својот соиграч за гол. Костадинов секако ќе биде дел од нашиот национален тим на претстојниот пријателски двомеч во Анталија.