Фантастичен меч од 1/4 финалето во ФА Купот одиграа Челзи и Лестер попладнево на “Стемфорд Бриџ“ во Лондон, на кој на крајот го добија домашните со 4:2 и со тоа изборија пласман во полуфиналето на ова натпреварување.
Во 13.минута Кукреља донесе 1:0, а во 45.минута Палмер удвои на 2:0, претходно Стерлинг промаши пенал.
Во 51.минута Дисаси си даде комичен автогол за 2:1, следуваше и голот на Мавидиди за 2:2.
И тогаш драма, гостите остана со играч помалку по исклучувањето на Дојл. Тие 2:2 важеа до 90+2.минута кога Чуквуемека погоди за 3:2 а сите дилеми ги разреши Мадуеке во 90+8.минута за конечни 4:2.
A freak of an own goal from Axel Disasi 😬#EmiratesFACup pic.twitter.com/prLCzrPlV7
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) March 17, 2024