Актуелниот шампион ја прекина низата на идниот владетел на Италија!

242

Фудбалерите на Интер не реагираа добро по шокантната елиминација од Атлетико Мадрид, на пенали, во осминафиналето од Лигата на шампионите во средата навечер.

Вечерва на домашен терен го надиграа Наполи, но не го совладаа, беше 1:1, во дербито од 29. коло од Серија А.

Ова беше дуел на актуелниот и идниот шампион на Италија, бидејќи реално нема дилема дека Интер наскоро ќе го наследи тимот од Неапол на тронот.

„Нероаѕурите“ ја прекинаа одличната серија и не успеаја да го забележат 11-от последователен првенствен триумф, па сега водат на табелата со 76 бодови, што е 14 повеќе од второпласираниот Милан.

Наполи е само седми со 45 бодови и е на -6 од петтото место кое најверојатно ќе го води во Лигата на шампионите следната сезона.

Во листата на стрелци се запишаа Дармиан, кој во 43-та минута донесе водство од 1-0, додека пак Жезус израмни на 1-1 во 81-та минута. До крајот Тирам имаше добра шанса за триумф на Интер, но не беше прецизен.

ПретходноМбапе ја наполни мрежата на Монпеље
СледноБарселона го прегази Атлетико среде Мадрид