Ал Хилал поместува граници: 29 победи во низа за апсолутен светски рекорд!

445

Саудискиот прволигаш Ал Хилал постави нов светски рекорд остварувајќи ја својата 29-та последователна победа во сите натпреварувања и атакува на петтата титула во Лигата на шампионите во Азија, откако вчера во домашниот шамоионат ја продолжија низата победи совладувајќи го Дамак со 2:1.

Серијата вклучува 17 победи во саудиската лига, три во домашниот куп и девет во Азиската Лига на шампиони. Португалскиот тренер Хорхе Жесус и покрај „неверојатното достигнување“, инсистира дека освојувањето трофеи е она што навистина важно.

Ал Хилал го собори претходниот рекорд од 27 победи поставен од Њу Сејнтс (Велс) во сезоната 2016/2017, а сега во иште два наврати го подобри. Холандскиот гигант Ајакс го чуваше рекордот 44 години со 26 победи во низа меѓу 1971 и 1972 година, со брилијантниот Кројф на чело.

ПретходноВМФЛ: Кожув го дочекува лидерот, Пелистер му гостува на Караорман
СледноПо голема борба: Универзитет во Тетово во пет сета подобар од Работнички