Фудбалерите на Барселона на гости го совладаа Атлетико од Мадрид со убедливи 3:0 во дербито од 29. коло на шпанската Ла Лига.
Барса петти пат по ред ги совлада „јорганџиите“ и покажа дека под водство на Чави Хернандез се нерешлива енигма за тимот на Диего Симеоне.
Жао Феликс во 38-та минута донесе водство на каталонскиот гигант. Во 42 минута каталонскиот гигант остана без Чави Хернандез кој доби црвен картон и мораше да ја напушти клупата. Левандовски во 47-та минута зголеми на 0-2, додека конечниот резултат го постави Лопез во 65-та минута.
Барса ја престигна Џирона на второто место на првенствената табела, бидејќи сега има 64 бода, два повеќе од ривалот. Атлетико е петти со 55 бодови.