Борусија Дортмунд дојде до планираните бодови против Анјтрахт, откако на домашен терен славеше со 3-1 во меч од 26-то коло во Бундес-лигата.
Мечот го отворија гостите преку Геце во 13 минута, Адејеми израмни на 1-1 во 33 минута, резултат со кој заврши првото полувреме.
Во вториот дел во 81 минута Хумелс донесе водство на својот тим од 2-1, конечните 3-1 ги постави Кан во третата минута од судиското надополнување.
Дортмунд стигна до 50. бод сезонава и се задржа на четвртата позиција, и повторно го прескона тимот на Лајпциг за кого настапува Елиф Елмас. Ајнтрахт Франкфурт има десет бода помалку и го зазема шестото место на табелата.