ВМФЛ: Кожув го дочекува лидерот, Пелистер му гостува на Караорман

271

 

Денеска од 15 часот се играат сите осум мечеви од 21.коло во ВМФЛ. За разлика од минатите две кола, во ова нема класично дерби, но ќе има интересни мечеви и тоа како.

Во Гвегелија домашниот состав на Кожув ја дочекува Беса со надеж дека може да дојде до изненадување, а изненадување ќе биде и ако биде нерешено.

Пелистер му гостува на Караорман во Струга и не би требало да има проблем да дојде до нови три бода. Третиот Детонит се среќава со Тетекс, бодовите се подразбираат за тимот од Радовиш. Интересно ќе биде на Автокоманда каде Скопје го дочекува Охрид, како и во Неготино каде играат Вардар и Арсими.

На останатите средби се среќаваат Саса – Башкими, Новаци – Победа и Беласица – Осогово.

ДВОЈКИ ЗА 21.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Скопје – Охрид

Вардар (Н) – Арсими

Караорман – Пелистер

Кожув – Беса

Детонит – Тетекс

Саса – Башкими

Новаци – Победа

Беласица – Осогово

ТАБЕЛА

Беса 51, Пелистер 45, Детонит 42, Арсими 38, Охрид 33, Скопје 31, Башкими 31, Вардар (Н) 27, Беласица 26, Кожув 24, Новаци 23, Тетекс 20, Победа 18, Осогово 16, Караорман 15, Саса 11 бодови

ПретходноТренерот на Жирона: Ако не се пласираме во ЛШ ќе биде катастрофа
СледноАл Хилал поместува граници: 29 победи во низа за апсолутен светски рекорд!