Далас го совлада Денвер на домашен терен со 107-105 благодарение на Кајри Иривинг, кој постигна неверојатен кош за голема радост во редовите на Маверикс. На три секунди до крајот тој успеа да му побегне на својот соиграч и со двочекор од линијата за слободни фрлања преку Никола Јокиќ ја смести топката во мрежата. Ниту неговите соиграчи не можеа да поверуваат што се случи.
KYRIE IRVING RUNNING LEFT HANDED HOOK SHOT FOR THE WIN pic.twitter.com/rXh345vK0C
— Rob Perez (@WorldWideWob) March 17, 2024
Секако во победата главен лидер беше Лука Дончиќ со 37 поени и 9 скока, додека херојот Ирвинг имаше 24 поени, 7 скока и 9 асистенции. На другата страна Јокиќ запиша 16 поени, 11 скока и 7 асистенции. Додека прв стрелец беше Мареј со 23 поени.
Денвер падна на второто место на табелата во Западната конференција, додека Далас е осми.