Ковач е минато: Волфсбург му врачи отказ на хрватскиот стратег

82

Хрватскиот стратег Нико Ковач повеќе не е тренер на германски Волфсбург, потврдија од клубот. Волфсберг загуби со 3:1 на домашен терен од Аугзбург во 26. коло од Бундеслигата и ја продолжи катастрофалната серија од 11 натпревари без победа. Германските новинари со недели го критикуваат хрватскиот стручњак, а сега и клубот реагираше со неговиот отказ.

Директорот на клубот Марсел Шефер го информирал Ковач за отказот синоќа. Со првиот тренер од клубот си заминуваат неговите помошници Роберт Ковач и Арон Бригс.

„По поразот од Аугзбург и анализата на играта и моменталната ситуација, донесовме одлука да ја прекинеме соработката. Жалиме за ваквиот развој на настаните, но веруваме дека ова е вистинскиот потег кој ќе му го даде потребниот поттик на тимот“, изјавил Шефер.

ПретходноФА Куп: Тен Хаг ќе ја спасува клупата, Клоп продолжува во битка на четири фронта
СледноСтрумица се врати од пораз до победа, утре дерби за второто место