Лудница на “Олд Трафорд“: Со гол во 121.минута за 4:3, Јунајтед го “реши“ Ливерпул за пласман во 1/2 финалето во ФА Купот! (ВИДЕО)

850

Уф, каков спектакуларен дуел на “Олд Трафорд“ меѓу вечните ривали Манчестер Јунајтед и Ливерпул во 1/4 финалето во ФА Купот. Победи Манчестер Јунајтед со гол во 121.минута за 4:3 и тоа со голот на Диало и со тоа се избори за пласман во полуфиналето каде се и Манчестер Сити, Челзи и Ковентри. Меч за инфаркт, луд, лудо беше…ретко се гледаат вакви натпревари.Full-time: United 4 Liverpool 3.

Меч за аналите…

Мектоминеј уште во 10.минута му донесе водство на Јунајтед, следуваше голот за 1:1 на МекАлистер во 44.минута.

Редси“ дојдоа во водство од 1:2 со голот на Салах во 45+2.минута па на пауза се замина со предност на четата на Јирген Клоп.

И така беше се до 87.минута кога Антони израмни на 2:2, а во последните секунди од средбата Рашфорд не искористи зицер за голем пресврт и голема победа.

Па така се отиде во продолженија а таму Елиот во официјално 105.минута стрелаше за 2:3 за Ливерпул.

Но ова не беше се. Рашфорд во 113.минута израмни на 3:3. Лудница на “Олд Трафорд“.

И дефинитивно имаше уште. Кога сите очекуваа пенали, по една контра на домашните во 121.минута Диало погоди за 4:3, за голема победа, за еуфорија на “Олд Трафорд“.

ПретходноБаерн ја потврди загрижувачката информација за Кејн
СледноБорусија Дортмунд го прескона Лајпциг на Елмас