Нов меч и нова победа на Леверкузен попладнево во Бундеслигата и тоа на гости кај Фрајбург со 2:3. Ова беше 75 меч на Чаби Алонсо на клупата на Леверкузен и 50-та победа. Оваа сезона овој тим во сите натшреварувања не знае за пораз.
Вирц во 2.минута донесе 0:1, за да Доан во 10.минута израмни. Сепак Хлозек во 40.минута повторно му носи водство на Леверкузен од 1:2. Шик во 53.минута стрелаше за 1:3, а Кеител во 79.минута ги постави конечните 2:3. Со овие три бода Леверкузен и по 26.коло има 10 бода предност пред вториот Баерн Минхен.