„Светците“ се вратија на победите по трите ремија во низа. ПСЖ на гостувањето кај Монпеље славеше со убедливи 2-6 во рамките на 26-то коло во Лига 1. Во центарот на вниманието беше Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец постигна хет-трик, во листата на стрелци се запиша во 22’, 50’ и 63’, а притоа асистираше за првиот погодок на неговиот тим.
Витиња го отвори мечот во 14-та минута, следеше голот на Мбапе за 0-2, но на другата страна Нордин и Савание изедначија на 2-2.
Во вториот дел повторно на сцена настапи Мбапе, во 50-та минута зголеми на 2-3, а потоа тргна возот. Во листата на стрелци се запишаа уште Ли Канг Ин и Мендеш.
Сега ПСЖ има 59 бодови на врвот на табелата, 12 повеќе од Брест на второто место, а Монпеље остана на 14. место со 26 бодови.