Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во финалето на Индијан Велс. Тој во второто полуфинале во Калифорнија беше подобар од Томи Пол (САД) по пресврт со резултат 1:6, 7:6(3), 6:2 по неполни два и пол часа игра.
Пол го отвори мечот добивајќи четири гејма во низа, а потоа го освои и првиот сет. Тоа секако беше охрабрувачки за Американецот, бидејќи сите 13 меча досега во 2024 година, кои ги започна со водство во сетови, завршија во негова корист.
Данил ја прекина таа серија, откако во вториот сет успеа дури во тај-брејк да дојде до израмнување, а веќе во третиот сет Медведев ја покажа својата вистинска игра за да стигне до победата.
Во финалето Медведев ќе игра против Карлос Алкараз, кој по пресврт го елиминира и Јаник Синер (1:6, 6:3, 6:2). Тоа ќе биде реприза на минатогодишното финале во кое славеше шпанскиот тенисер.