Сме виделе неверојатни голови, ете пред неколку дена и во нашата Трета лига играч на Росоман постигна фантастичен гол од пола терен, ама не сме виделе да шутнеш од својата половина и несакјаќи да постигнеш гол.
Тоа се случи на средба во МЛС меѓу Чикаго и Монтреал, се играше 90+9.минута а резултатот беше 3:3. Домашниот играч Акоста сакаше да ја префрли топката на противничката половина ама ветерот ја однесе во голот на Чикаго и тоа за победа на гостите од 4:3.
Неверојатно, вреди да се погледне. Ваков гол секако дека досега не сте виделе…
THAT'S WHY THEY CALL IT THE WINDY CITY
Stoppage-time scenes in Chicago! 🤯 pic.twitter.com/8vZQppXIHL
— Major League Soccer (@MLS) March 16, 2024