Охрид со цел плен од Скопје, Феникс остана со празни раце!

129

Во последниот натпревар од 20.коло, кошаркарите на Охрид славеа на гостувањето кај Феникс со 90-100. Охриѓани имаа феноменална прва четвртина во која дојдоа до голема позитива. На крајот, се покажа дека е доволна за петти триумф во сезоната, кој им дава поголеми шанси во трката за опстанок во друштвото на најдобрите.

Во првиот дел гостинските кошаркари беа подобри со 39-15. На полувремето Феникс 2010 беше во нешто помало заостанување, но големо (38-58).

Во третиот дел тимот на Денис Дервишевиќ дојде на -10 (66-76). Во последните две минути, Охрид имаше само четири поени предност (89-85). Многу важни поени, четири по ред, реализира Бревер, кој ги однесе гостите од Охрид на (93:85), а победата ја потврди најдобриот нивни играч, Мајкл Андерсон. Тој застана на 23. реализации, Лајонс дополни со 22. Кај Феникс 2010, Трајковски имаше 26 поени придодаде и 13 скока.

Ова беше петтата победа на Охрид во 20. одиграни кола, додека деветти пораз за Феникс 2010 кој го остава на седмото место на табелата.

ТАБЕЛА: Работнички 36, МЗТ Скопје Аеродром 36, Пелистер 34, Еуро Никел 2005 33, Чаир 2030 33, ТФТ Mоцарт 33, Феникс 2010 31, Гостивар 27, Кожув 25, Охрид 25, Академија ФМП 24, Вардар 23;

ПретходноБарди за хаосот: Ако прославуваш на тој начин…
СледноПознати се сите патници за ОИ: Шпанија одигра за Словенија, Германците се издигнаа по хрватскиот шок