ПМФЛ – ЖЕНИ: Љуботен си гази, фудбалерката на Тиверија Теодора Шопов постигна пет гола

234

Вчера се одиграа четири меча од 17.коло во женската ПМФЛ. Мечот Скопје – Шкендија Тетово ќе се одигра на 11 април.

Фудбалерките на Љуботен и по ова коло се први на табелата откако славеа со 8:1 против Топ Гол. Се истакна Едите Силва со 4 погодици. АСС Унитед и Речица одиграа без победник 1:1, додека Тиверија како гости славеше против Цевитана со 0:9. Теодора Шопов дури во пет наврати ја тресеше мрежата на домашната екипа.

И на средбата СЦ Истатов – Каменица Саса победија гостинките со 1:2 со што и натаму се втори на табелата.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 17.КОЛО И СТРЕЛЦИ

ЉУБОТЕН – ТОП ГОЛ 8:1

(Петкова 2, Едите Силва 4, Стојчевска (авт), Диас Викторија/Илиевски)

АСС УНИТЕД – РЕЧИЦА 1:1

(Максути/Боризовска)

ЦЕВИТАНА – ТИВЕРИЈА 0:9

(/Шопов 5, Павловска 2, Панеска, Недева)

СЦ ИСТАТОВ – КАМЕНИЦА САСА 1:2

(Асановиќ/Де Соуза, Димитровска)

11.04.2024

СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА ТЕТОВО

ТАБЕЛА

Љуботен 44, Каменица Саса 43, Тиверија 38, АСС Унитед 36, Скопје (-1) 25, СЦ Истатов 15, Цевитана 13, Шкендија Тетово (-1) 10, Топ Гол 9, Речица 9 бодови

ПретходноЧелзи со нов договор двојно ќе му ја зголеми платата на Палмер
СледноЈуве со нов кикс, Џенова си “лапна“ бод во Торино!