ПМФЛ: Шампионот го “расплака“ Работнички и избега на +3 на врвот на табелата! Тешка повреда на Бојку кој беше префрлен во болница! (ФОТО)

1881

Попладнево на Арената во Скопје се одигра последниот меч од 24.коло во ПМФЛ. Работнички – Струга ТЛ 1:2 е епилогот од овој супер интересен меч. Стружани и натаму покажуваат дека се најголемиот душман на Работнички, ова е нивни 18 меѓусебен меч и досега имаат само една победа, таа од пред четири години.

Со овие три бода сега шампионот како лидер му избега на Шкупи 3 бода а на Шкендија дури шест бода во битката за титулата.

Четата на стратегот Гоце Седлоски може и треба да жали. Уште еднаш одигра квалитетно, имаше безброј шанси, но Струга ТЛ на рутински начин дојде до победата што е одлика на големите екипи.

Инаку Работнички беше далеку подобар во првото полувреме, имаше и неколку шанси и два зицери, но сепак на пауза се замина со тие 0:0. Стојановски во два наврати, потоа Гандо исто во два наврати, но Ќосевски бранеше фантастично, едноставно беше херој и со своите одбрани просто ги фрустрираше домашните кои беа подобри во поле,но бадијала.

И како тоа е обично се случува во фудбалот казната стигна на дригата страна. Се играше 51.минута кога Радески со фантастичен гол и донесе водство на Струга ТЛ од 0:1.

Следуваа супер шансите на Гандо и Стојановски, овој вториот ја погоди и стативата, но се беше наплатено во 69.минута кога конечно Влатко Стојановски успеа да го совлада Ќосевски за 1:1.

Сепак, радоста на избраниците на Гоце Седлоски траеше само една минута, за да Компаоре фантастично избега, и му овозможи на Влајковиќ само да го потврди голот за ново водство на шампионот од 1:2.

Во самиот финиш по еден страшен старт меѓу Белица и Бојку дојде до потешки повреди па мораше да реагира и возилото на Брза помош по што ги однесе гостинскиот играч во болница.

Во 90+2.минута Ќосевски повторно на сцена, прво го одбрани ударот на Билали а потоа и на Регба.

Сепак овој меч заврши со тие 1:2 за гостите од Струга.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 24.КОЛО

СИЛЕКС – БРЕРА 2:1

МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1:0

БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 0:0

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1:1

ВОСКА – ШКУПИ 0:0

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1:2

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 51, Шкупи 48, Шкендија 45, Силекс 35, Тиквеш 32, Гостивар 32, Брера 27, Работнички 27, Воска 27, Вардар 26, Брегалница 22, Македонија ЃП 21 бода

 

 

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

 

No description available.

ПретходноВест Хем не дава повеќе од 15 милиони евра за Мегваер
СледноВМФЛ: Беса и Пелистер убедливи, Детонит го “скрши“ Тетекс….