Денеска се комплетира целосниот список на патници за Олимписки Игри во Париз, а таму одат Шпанија, Словенија, Хрватска, Германија, Норвешка и Унгарија. Од сите овие земји во центарот на вниманието се најде Хрватска која под водство на новиот селектор, Дагур Сигурдсон заврши со три победи во исто толку мечеви. Ваков скор има Норвешка и Шпанија.
„Фуријата“ која веќе имаше обезбедено место, одигра на ниво на задачата го совлада Бразил со 28-26 и им направи услуга на Словенците.
Претходно во Хановер, Германија успеа да завери билет за Париз, по поразот од Хрватска ја совлада Австија со 34-31 и како второпласирана оди на ОИ.
Последни возот за Париз го фатија Унгарците, тие во доста неизвесен натпревар ја совладаа Португалија со 30-27.