По голема борба: Универзитет во Тетово во пет сета подобар од Работнички

89

Вчера беа комплетирани натпреварите од 8. коло во Втората фаза од натпреварите во домашниот одбојкарски шампионат во машка конкуренција. Вистински возбудувања донесе дербито во Тетово меѓу Универзитет во Тетово и Работнички, каде по пет сета, домашните на крајот ја освоија победата со 3:2 во сетови. Работнички кој двапати израмнуваше на крајот замина со еден освоен бод.

Во преостанатите два меча од плеј-офот видовме две доминантни и убедливи победи на фаворитите Струмица и Штип УДГ.

Во плеј-аут делот во скопското дерби меѓу Вардар и Јанта Волеј, тај-брејк сетот реши за победникот. Гостите дојдоа до победа и два бода во петтиот сет.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, 8. коло

Струмица 47&72 – Лирија                              3:0 (25:17, 25:19, 25:16)

Весна Пробиштип – Штип УГД                      0:3 (7:25, 5:25, 15:25)

Универзитет во Тетово – Работнички 71&22  3:2 (25:21, 18:25, 25:20, 22:25, 15:5)

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (57); 2. Работнички 71&22 (43); 3. Штип УДГ (38); 4. Универзитет во Тетово (35); 5. Лирија (29); 6. Весна Пробиштип (21).

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 8. коло

Шкендија – Сушево                                        3:0 (25:10, 25:17, 25:6)

Македонија Џио – ГОК Борец                        0:3 (21:25, 24:26, 20:25)

Вардар – Јанта волеј                                    2:3 (16:25, 19:25, 28:26, 25:23, 9:15)

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ: 1. Шкендија (37); 2. ГОК Борец (32); 3. Сушево (20); 4. Јанта Волеј (15); 5. Македонија Џио (6); 6. Вардар (6).

ПретходноАл Хилал поместува граници: 29 победи во низа за апсолутен светски рекорд!
СледноЛина поразена во финалето на турнирот на Кипар