Ракометарките на Ѓорче Петров со пораз се збогуваа со Европа

138

Екипата на Ѓорче Петров својата европската авантура ја заврши во четвртфиналето во ЕХФ Еврокупот. Актуелниот македонски првак не успеа да дојде до победа на втората пресметка со силниот состав на Елче, кој и овој пат славеше убедливо (18-37).

Името на победникот беше решен по првото полувреме, во кое гостите имаа предност од шест гола (16-10).

Емилијана Ризоска со четири гола беше прв стрелец, Марија Јанкуловска и Ива Божиновска имаа по три погодоци. Во тимот на Елче, 10 гола имаше Клара Гаско Аранз.

Претходно„Бомба“ на Барди во мрежата на Фенербахче (ВИДЕО)
СледноЧиста „мрежа“ за Столе против Бетис