Попладнево од 15 часот шампионот му гостува на Работнички. Ова е меч од 24.коло во ПМФЛ, со што завршува ова коло и се оди на двоненеделна пауза. А Струга ТЛ сака на пауза да оди со +3 бода во однос на вториот Шкупи.
За тоа што може да се очекува од денешниот меч од аспект на Струга ТЛ, свое видување дава Сава Радиќ, дефанзивецот на шампионот:
“Пред еден месец игравме со Работнички исто во Скопје и знаеме добро дека се работи за квалитетен тим. Денеска ќе се игра на Арената, која нуди извонредни услови за игра а нам тоа ни одговара, за разлика од последниот меч. За нас секој меч е важен, сакаме да ја одбраниме титулата и не криеме дека ги сакаме трите бода и со +3 бода да одиме на пауза“ посочи Радиќ.