Натпреварот од 29. коло во италијанската Серија А, во кој Аталанта денеска од 18 часот требаше да и гостува на Фиорентина, беше одложен за помалку од еден час пред почетокот.
Причина е критичната здравствена состојба на главниот извршен директор Џо Барон, кој итно бил примен во болница и лекарите се борат за неговиот живот.
Бароне ја извршува оваа функција во Фиорентина од 2019 година, а 57-годишниот Италијанец кој има и американско државјанство е еден од највлијателните луѓе во клубот од Фиренца.
Не се знае кога ќе се игра натпреварот, но во моментов не е толку важно.