„Стрелата“ на Пелегрини го реши Сасуоло, Рома ита кон ЛШ

65

Фудбалерите на Рома го победија Сасуоло во Рим со резултат 1:0, во натпреварот од 29. коло на италијанската Серија А.

Римјаните играат како препородени откако Даниеле де Роси го презеде, а вечерва направија важен чекор во борбата за место во Лигата на шампионите.

Рома сега е петта на табелата со 51 бод, што е три помалку од четвртопласираната Болоња и четири повеќе од шестопласираната Аталанта која има натпревар повеќе од нив. Треба да се напомене дека Италија речиси сигурно ќе има пет претставници во следното издание на Лигата на шампионите кое ќе се игра во нов формат.

Сасуоло е во се потешка ситуација, моментално е второ-последен 19-ти со 23 бода и го чека избезумена борба за опстанок.

По лошото прво полувреме за двете страни, играчот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини, го реши натпреварот.

Во 50. минута италијанскиот репрезентативец и капитен на Рома си создаде позиција за шут по соло продор и со одличен удар од околу 20 метри ја затресе мрежата за 1:0.

ПретходноТоп асистенција на Костадинов, Пјаст поразен (ВИДЕО)
Следно„Бомба“ на Барди во мрежата на Фенербахче (ВИДЕО)