Тренерот на Жирона: Ако не се пласираме во ЛШ ќе биде катастрофа

216

Сензацијата во шпанската Ла Лига оваа сезона, екипата на Жирона, вчера претрпе нов пораз во лигаа, откако кај Хетафе загуби со 1:0. Ова беше трет пораз во послендите пет натпревари за Жирона.

„Секој пораз боли. Се бориме за пласман во Лигата на шампионите и сакаме да извршиме притисок над Атлетик, Атлетико и Барса. Имаме историска можност да го направиме ова, а ако не го постигнеме тоа, ќе биде многу тежок удар за мене. Имаме тим способен да се квалификува во Лигата на шампионите, го заслужуваме тоа“, изјави тренерот на Жирона, Мичел Санчез.

Во моменто Жирона е втора со 10 бода заостанување зад лидерот Реал (М) и бод повеќе од Барселона која денеска го игра дербито со Атлетико (М).

ПретходноСава Радиќ: Работнички е квалитетен тим, но ние ги сакаме трите бода!
СледноВМФЛ: Кожув го дочекува лидерот, Пелистер му гостува на Караорман