Челзи на “мускули“ до полуфиналето во ФА Купот, комичен автогол на Дисаси! (ВИДЕО)

91

Фантастичен меч од 1/4 финалето во ФА Купот одиграа Челзи и Лестер попладнево на “Стемфорд Бриџ“ во Лондон, на кој на крајот го добија домашните со 4:2 и со тоа изборија пласман во полуфиналето на ова натпреварување.

Во 13.минута Кукреља донесе 1:0, а во 45.минута Палмер удвои на 2:0, претходно Стерлинг промаши пенал.

Во 51.минута Дисаси си даде комичен автогол за 2:1, следуваше и голот на Мавидиди за 2:2.

И тогаш драма, гостите остана со играч помалку по исклучувањето на Дојл. Тие 2:2 важеа до 90+2.минута кога Чуквуемека погоди за 3:2 а сите дилеми ги разреши Мадуеке во 90+8.минута за конечни 4:2.

ПретходноПолувреме: Ќосевски го чува шампионот!
СледноВест Хем не дава повеќе од 15 милиони евра за Мегваер