Во меч од 29.коло во Серија А, Јуве на свој терен во Торино не успеа да слави над Џенова, иако пред мечот беше голем фаворит. Сепак на крајот резултатот гласеше 0:0. Нов кикс на тимот на Макс Алегри и ново разочарување за фановите на гигантот од Торино.
Јуве имаше шанси, двапати ја погоди и стативата на гостите, но сепак немаше среќа. Сепак генерално ова беше уште една бледа, да не кажеме лоша партија на тимот на Алегри.
Токму затоа и фрустрацијата кај домашните играчи, посебно кај Душан Влаховиќ кој во самиот финиш доби црвен картон и мораше предвреме да го напушти теренот.
Ова беше прв црвен картон за Србинот како играч на Јуве.
За крај да кажеме дека во изминатите 8 средби во Серија А, Јуве денеска го освои осмиот бод од можни 24. Нема што, продолжува лошата серија на овој тим.