Топ асистенција на Костадинов, Пјаст поразен (ВИДЕО)

179

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов полека но сигурно се враќа во својата препознатлива форма. Повредата на коленото е минато, тој веќе има полна минутажа за својот тим Пјаст Гливице, а денеска успеа да запише и ектра асистенција во поразот 1-3 од тимот на Легиа Варшава на гости.

Костадинов додели одлична долга топа од повеќе од педесет метри и го послужи што се вели својот соиграч за гол. Костадинов секако ќе биде дел од нашиот национален тим на претстојниот пријателски двомеч во Анталија.

ПретходноБорусија Дортмунд го прескона Лајпциг на Елмас
Следно„Стрелата“ на Пелегрини го реши Сасуоло, Рома ита кон ЛШ