Ирвинг преку Јокиќ го постигна неверојатното, соиграчите се држеа за глава (ВИДЕО)

409

Далас го совлада Денвер на домашен терен со 107-105 благодарение на Кајри Иривинг, кој постигна неверојатен кош за голема радост во редовите на Маверикс. На три секунди до крајот тој успеа да му побегне на својот соиграч и со двочекор од линијата за слободни фрлања преку Никола Јокиќ ја смести топката во мрежата. Ниту неговите соиграчи не можеа да поверуваат што се случи.

Секако во победата главен лидер беше Лука Дончиќ со 37 поени и 9 скока, додека херојот Ирвинг имаше 24 поени, 7 скока и 9 асистенции. На другата страна Јокиќ запиша 16 поени, 11 скока и 7 асистенции. Додека прв стрелец беше Мареј со 23 поени.

Денвер падна на второто место на табелата во Западната конференција, додека Далас е осми.

ПретходноБарселона го прегази Атлетико среде Мадрид
СледноАлкараз го “реши“ Медведев и го освои Индијан Велс! (ВИДЕО)