Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби во финалето на ИТФ турнирот во Аламинос. Таа денеска беше совладана од Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска (петта носителка) со 2-0 во сетови (62 63).
Ова беше прво финале за Ѓорческа во 2024 година или 34-то финале во сингл. Зад себе нашата тенисерка има 13 титули.
Ѓорческа и следната недела ќе настапува на турнир во Аламинос.