Нагелсман со одлука која ќе го разгневи Ноер!

564

Јулиен Нагелсман нема намера да го менува капитенот на репрезентацијата на Германија. Одлука која секако дека ќе го разгневи Мануел Ноер. Имено откако потешко се повреди, ја скрши ногата на скијање минатата зимам беше во аут од репрезентацијата и место него капитен беше во тој период Илкај Гундоган, фудбалерот на Барселона.

И сега откако голманот на Баерн Минхен се врати во репрезентацијата сите помислија дека одново ќе ја носи капитенската лента, но така не мисли селекторот кој изјави:

Илкај Гундоган и натаму ќе биде капитен, секако дека зборот на Мануел Неор ќе има тежина. Капитен треба да биде играч кој ќе биде контакт личност за сите играчи во тимот. Тие во него треба да гледаат предводник. Тој е претставник на екипата, а Гундоган е тоа“ посочи Нагелсман.

Ова се зборови кои секако ќе го разгневат Мануел Ноер.

Претходно“Јас ќе потпишам за Реал, клубот ќе заработи многу пари и сите ќе бидеме среќни“!
СледноБарди за хаосот: Ако прославуваш на тој начин…